26 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕDiamond Ribbon - Симбол за елеганција и луксуз

Diamond Ribbon – Симбол за елеганција и луксуз

saat1

„Patek Philippe“ е бренд кој го претставува најдоброто од швајцарската индустрија за механички часовници.

Компанијата е основана во 1839 година од страна на Антоине Норберт де Патека и Франсис Шапека во Женева. Во 1844 година им се придружил и Жан Адриен Филипе, како технички директор, а потоа и Винсет Гостовски. Конечно во 1951 година компанијата го добива името „Patek Philippe & Cо“, а Калатрава крстот станува заштитно лого на компанијата.

Значајно е да се напомене дека високо комплицираните часовници на овој бренд се продавани по астрономски цени, па така, часовникот кој е произведен во триесетите години од минатиот век (познат како „The Supercomplication“, со 24 функции), е продаден за рекордни 11 милиони долари на аукција во 1999 година.

Последниот модел кој го претставија е „Diamond Ribbon’Ref. 4968“ за жени. Како и секој часовник на оваа компанија, и овој модел е резултат на строго и внимателно контролиран процес на изработка. Овој модел е достапен во розева боја или бело злато и го красат дури 273 дијаманти. Тој е неодолив, едноставен и елегантен.

saat2

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП