27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПрокредит банка го отвори аплицирањето за избор на “нај проактивни земјоделци” за...

Прокредит банка го отвори аплицирањето за избор на “нај проактивни земјоделци” за 2013 година

pro-credit

ПроКредит Банка го отвори аплицирањето за избор на нај ПРОактивни земјоделци од пет различни категории: житни култури, раноградинарско производство, долгогодишни овошни насади, сточарство, органско производство. Во изборот можат да учествуваат сите  регистрирани земјоделци во државата чија примарна дејност им е земјоделие и кои ги исполнуваат следните критериуми:

  • Во категорија житни култури: површини над 150 декари
  • Во категорија овоштарство: површини над 30 декари
  • Во категорија градинарство на отворено: површини над 15 декари додека  градинарство во оранжерии површини над 5 декари
  • Во  категорија сточарство: поседување на најмалку 15 грла додека за категорија овчарство најмалку 300 грла.
  • Во категорија органско производство: поседување на сертификат за органско производство

Изборот ќе се врши од стручна жири комисија составена од претставник од Банката, претставник од Земјоделскиот факултет и претставник од Федерација на фармери врз основа на следните критериуми: колку земјоделецот применува современи технологии и техники на производство, колкав е просечниот принос на производство по декар, степенот на користење на обновливи извори на енергија, начинот на менаџирање на своите финансии и колку континуирано инвестира во подобрување на производството и зголемување на ефикасноста во работењето. Покрај овие критериуми, преку разговор со земјоделците стручното жири ќе собере дополнителни информации во врска со нивното работење, инвестирање и идни планови. Врз основа на критериумите ќе се изберат нај проактивните земјоделци во секоја категорија и ќе бидат наградени со наменски вредносен ваучер од 150.000 денари.

ПроКредит Банка, како Банка лидер во земјоделието, по втор пат го организира изборот, со цел да им се даде признание на земјоделците кои работат и го развиваат македонскиот аграр, а воедно да се даде стимул за развојот на земјоделското производство за сите останати земјоделски производители.

За учество во изборот потребно е земјоделците да ја пополнат апликацијата која можат да ја најдат на веб страната на ПроКредит Банка или во било која експозитура на Банката. Аплицирањето трае од 20 јули до 20 август, а победниците ќе бидат истакнати во текот на септември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП