29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМеси ја известил Барселона дека повеќе нема да игра за тимот

Меси ја известил Барселона дека повеќе нема да игра за тимот

Напаѓачот на Барселона, Лионел Меси сака да го напушти клубот. Според „Марка“, Аргентинецот повеќе не се смета за играч во каталонскиот клуб. Поради оваа причина, тој е убеден дека не е должен да ја посетува базата во Барселона. Меси пратил абер во Барселона дека повеќе нема да игра за тимот.

Фудбалерот дефинитивно ќе го пропушти денешниот тренинг на Каталонците.

Ако бунтот на Меси не запре, тој ќе биде строго казнет – за отсуство од клубот од 11 до 30 дена, се изрекува казна од 25% од месечната плата.

Сепак, сега челниците на Барселона не сакаат да го казнат Меси за да не го лутат уште повеќе. Тие сè уште имаат надеж дека ситуацијата ќе се промени и Меси ќе одлучи да остане во клубот.

Во исто време, играчот не верува дека неговите постапки заслужуваат казна, бидејќи е сигурен дека сега е ослободен од какви било обврски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП