27 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАРуските оператори се откажуваат од iPhone

Руските оператори се откажуваат од iPhone

iphone

„VimpelCom“ еден од водечките мобилни оператори во Русија повеќе нема да го продава паметниот телефон на „Apple“- „iPhone“, а ваква одлука претходно донесоа и други оператори во Русија.

Тие ги завршија преговорите кои беа поврзани со продажбата на „iPhone“, откако американската компанија несакаше да ги „омекне“ своите познати услови за договори, а продажбата претходно ја стопираа и руските оператори „MTS“ и „Megafon“.

Претставникот на „MTS“ изјави дека нивниот договор за продажба на „iPhone“ е завршен во септември 2012-та година и дека го немаат набавено најновиот модел „iPhone 5“. Сепак тој додаде дека и натаму ќе ги продаваат старите модели кои им се останати.

„MTS“, меѓутоа ќе продолжи со продажбата на „iPad“ затоа што гледаат голем потенцијал со таквите производи во Русија.

Портпаролот на „Megafon“ изјави дека тие не го продаваат „iPhone“ уште од 2009-та година. Операторите ги погодува фактот дека „Apple“ во Русија не дозволува одредени субвенции, затоа што тие сметаат дека телефоните се прескапи за просечните купувачи.

„ Apple“ кој има 4.5 проценти учество на рускиот пазар на паметни телефони и натаму ќе може да ги продава своите модели во Русија благодарејќи на своите договори со трговските ланци и продавниците за мобилни телефони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП