19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА"Дончиќ е плачко, има лош шут, не може да е меѓу најдобрите...

“Дончиќ е плачко, има лош шут, не може да е меѓу најдобрите петмина во НБА“

Далас Мавериск испаднаа од плејофот. ЛА Клиперс ги победија Маверикс во шест натпревари, а според многумина најдобар играч во серијата беше играчот на Далас, Лука Дончиќ.

Синоќа Клиперси славеа со 111:97, а Дончиќ натпреварот го заврши со 38 поени и по девет скока и асистенции.

Во САД Дончиќ има многу фанови, но има и такви кои сметаат дека тој не е светска класа.

„Нема шанси Дончиќ да е меѓу најдобрите петмина во лигата. Погледнете колку лошо ги изведува слободните фрлања, лошо шутира и тројки. Кога игра одбрана тој е главната мета на противничкиот тим и притоа плаче кај судиите на секоја одлука. Не можете да го споредувате со Лери Бирд“, рекол Скип Бејлес.

Контроверзниот американски новинар имал свое видување и за исклучувањето на Маркус Морис откако по главата го удри играчот на Далас.

„Уште еднаш забележуваме како Дончиќ со лакт го удира Морис додека оди кон кошот. Тоа ескалираше во неспортски фаул и исклучување на Морис кој во минатиот меч го згазна на повредниот зглоб својот противник, а тоа дојде како резултат на претходниот напад во кој Дончиќ од зад грб го удри Реџи Џексон“, напишал Скип и дополнил.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП