28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНБА одлучи да ги продолжи натпреварите на 29 август

НБА одлучи да ги продолжи натпреварите на 29 август

Плејофот во НБА лигата ќе продолжи утре, 29 август. Ова се наведува во заедничката изјава на Лигата и Асоцијацијата на играчи на НБА. Претходно, средбите беа одложени поради бојкотот на кошаркарите кои протестираат против полициското насилство и расизмот во САД.

Сите страни, наводно, се согласиле да продолжат со натпреварите по преговорите. На 23 август, Афроамериканецот Џејкоб Блејк беше застрелан од американската полиција во Висконсин. Дваесет и деветгодишниот маж беше застрелан седум пати во грбот и сега се наоѓа во болница. Овој настан предизвика бран на масовни протести во САД.

Плејоф натпреварите во НБА и НХЛ се презакажани, како и натпреварите во МЛБ и МЛС. НХЛ исто така претходно објави продолжение на плејофот.

Претходно беше објавено дека за 29 август се закажани натпреварите: Орландо – Милвоки, Хјустон – Оклахома сити и ЛА лејкерс – Портланд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП