19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛуксузен хотел во срцето на Тоскана (фото)

Луксузен хотел во срцето на Тоскана (фото)

Прекрасната Тоскана, област во северозападна Италија, е едно од местата во кои започнала ренесансата…

Вие ќе ја доживеете вашата ренесанса доколку го посетите хотелот „Castello del Nero“, кој се наоѓа токму во овој прекрасен регион.

Со локација на прекрасните брда „Tavarnelle Val di Pesa“, во срцето на винарскиот регион Чианти, „Castello del Nero“ хотелот некогаш бил средновековен замок, а денес е совршено место за романтичен одмор. Не дозволувајте селската околина да ве измами – ова е хотел со пет ѕвездички, кој ги нуди апсолутно сите погодности кои се потребни за совршен одмор.

Доколку прошетката низ лозјата, градините и плантажите со маслинки, кои се секаде околу овој хотел, не делуваат доволно релаксирачки врз вас, ве советуваме да го посетите неверојатниот спа центар кој е дел од овој хотел, а е дело на реномираниот бренд „ESPA“. Спа центарот ви нуди ориентални масажи, третмани на тело со рузмарин, како и разни релаксирачки третмани кои ќе ве освежат и ќе ве подмладат.

И на крајот, посетата на Тоскана не би била целосна доколку не прошетате низ прекрасните градови кои се наоѓаат во овој регион: Фиренца, Сиена и Пиза. Овој прекрасен и луксузен хотел се наоѓа на многу мала оддалеченост од секој од овие градови, па така имате совршена можност да го видите италијанскиот начин на живот, како и богатата историја и традиција на овој регион.

tos2

tos3

tos4

tos5

tos6

tos7

tos8

tos9

tos10

tos11

tos12

tos13

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП