За оние кои сакаат нешто повеќе од својата јахта или брод, „Benetti“ е вистинскиот избор…
Официјалната презентација на оваа јахта долга 55 метри ќе биде извршена на „Monaco Yacht Show“ во Монако, кое ќе трае од 25 до 28 септември. „Ocean Paradise“ рефлектира се што може да има еден милионер. Ова модерно пловило има уникатна смисла за стил.
Оваа јахта има остар и чист изглед со многу сила и елеганција. Нуди комплетен спектар на луксузни погодности кои успешно ги сместуваат сите видови на гости.
Јахтата е оаза на стил, гламур, на сите на палубата им нуди одлично сместување, простран амбиент и неколку изненадувачки детали во дизајнот. Дизајнирана е според предлозите на сопственикот кој е од Сингапур, а е комбинација од висока технологија и ултра луксузен дизајн.
Оваа прекрасна јахта има четири кабини за гости и главен апартман со балкон. На горната палуба се наоѓаат приватниот „beach“ клуб, солариумот, базенот со водопад, теретаната и мини барот.