16 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБитола Отворен Град е фестивал кој е повеќе од уметност

Битола Отворен Град е фестивал кој е повеќе од уметност

Кажи ДА за Битола за отворен град од 3-ти до 5-ти септември по 19 пат ќе се одржува фестивалот Битола Отворен Град, на кој ќе има разни изложби, промоции и концерти на македонски уметници.

„За сите Вас, Битола отворен град ќе трае само неколку денови, а за нас во МКЦ Битола, Битола отворен град трае цела година. Радост е да се мотивираат луѓето кои сакаат музика, уметност и воопшто култура да се активираат во фестивал кој според нас е општествен процес. Процес во кој на симболичен начин поврзуваме различни генерации кои поминале и креативни, но и бавни години во општествени промени на ова тло, а годинава и месеци во изолација, но никогаш не ги напуштила желбата за култура и уметност”, вели Златко Талевски, извршен директор на МКЦ Битола.
Битола отворен град е културолошка појава, промовирање на напредни идеи за позитивни општествени вредности, укажувајќи на важни теми, така што сите оние кои сакаат квалитетна уметност, кои сакаат да бидат опкружени со луѓе со слични сфаќања на животот, сакаат и уметност која се создава надвор од секојдневието.

Организаторите соопштуваат дека годинашната програма на голема радост е целосно македонска. Во четврток на 3-ти септември од 12 часот во КЦ Магаза ќе се одржи изложбата “Coolest Dead People“ Кристина Карапеоска, потоа во 20 часот ќе имате можност да ја проследите промоцијата на монографијата „Македонска дискографија – винили (1958-2019)“, прв том на Тошо Филиповски и Македонска музика од винили со DJ Chiko.
Во петок поточно 4-ти септември во Антички театар Хераклеја од 21 часот ќе се одржи концерт на Pluto’s Doubts, Фолтин и Суперхикс, додека во сабота на 5-ти, во Музеј Пацио од 21 часот се закажани концерти на Вел, Mooger Fooger и Горан Трајкоски.
На сите настани задолжително е почитување на протоколите за заштита од Ковид-19, мерење на температура при влез, носење на маска, дезинфекција на рацете и држење на физичка дистанца. Организаторот го задржува правото да ги отстрани посетителите кои нема да ги почитуваат здравствените протоколи.

Задолжителна е онлајн регистрација за добивање на БЕСПЛАТЕН БИЛЕТ за концертите со строго дефиниран број на посетители (на објавената програма на сајтот на МКЦ има детали на која локација, колкав број на публика ќе може да присуствува).

Оваа година фестивалот Битола отворен град е поддржан од Министерство за култура на Република С. Македонија како проект од национален интерес во културата во 2020 година и од Општина Битола.

Untitled-1

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП