24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГолманот Хендерсон со петгодишен договор со Јунајтед, ќе го менува Де Хеа?

Голманот Хендерсон со петгодишен договор со Јунајтед, ќе го менува Де Хеа?

Голманот Дин Хендерсон потпиша нов договор со Манчестер јунајтед до јуни 2025 година со опција за продолжување за уште една година, со што ќе се зголемат шпекулациите дека ќе го замени Давид де Хеа како стартер на „Олд Трафорд“.

Хендерсон последните две сезони ги помина како позајмен фудбалер во Шефилд јунајтед, импресионирајќи со своите одбрани и постојаност, и го доби првиот повик од англискиот селектор Герет Саутгејт. Тој имаше 13 меча без примен гол со Шефилд јунајтед.

„Последните пет години направив голем прогрес и позајмицата во Шефилд јунајтед беше дел од тој процес. Довербата која ми ја пружи менаџерот покажа дека моето место е во Јунајтед“, вели 23-годишниот Хендерсон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП