19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Lexus“ подготвува мал кросовер за Европа

„Lexus“ подготвува мал кросовер за Европа

Јапонскиот премиум производител на автомобили „Lexus“ го задржа патентот за името на новиот подкомпактен кросовер кој ќе се нарече „LBX“. Автомобилот најверојатно ќе се заснова на „Toyota Yaris Cross“ (на сликата) и ќе биде насочен пред се за европските пазари.

Всушност, апликацијата за трговска марка ја поднесе матичната компанија „Toyota“, која веќе е легализирана за ЕУ, Израел, како и за Исланд и Швајцарија. Описот на апликацијата за патент ја означува категоријата „автомобили и структурни елементи“.

Интересно е што од основањето на „Lexus“, сите модели на марката отсекогаш користеле комбинација од две букви и броеви за своите имиња, бидејќи тие ја покажуваат единицата за напојување што ја користи конкретниот автомобил. „LBX“ не е во согласност со овој систем, но според „Lexus Enthusiast“, ова ќе биде името на идниот концепт модел на марката.

Неговата сериска верзија ќе го носи името „BX“, заснована на прикажаниот кросовер „Toyota Yaris Cross“. Новиот модел ќе се наоѓа на најниско ниво во гамата „Lexus“, што значи дека ќе биде под сегашниот „UX“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП