27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНови проблеми со „Дримлајнер“ на Боинг

Нови проблеми со „Дримлајнер“ на Боинг

avion

Патничкиот авион Боинг 787 „Дримлајнер“ на јапонската авиокомпанија „ЈАЛ“ кој летал на реалација од Бостон за Токио се вратил поради техничка неисправност. Според информациите проблемот можеби е во пумпата за гориво.

Претставник на американското управување за цивилно воздухопловство соопшти дека од страна на пилотот не била прогласена вонредна состојба и дека машината во воздухот трошела премногу гориво, пред да слета во Бостон.

Во јануари 50 авиони од Боинг 787 „Дримлајнер“ беа запрени од употреба во светот, откако беа утврдени проблеми со литиум-јонските акумулатори. Во април, откако беа опремени со модифицирани батерии, авионите повторно беа пуштени во употреба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП