26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Accor“ и „IHG“ би можеле да создадат најголема светска хотелска компанија

„Accor“ и „IHG“ би можеле да создадат најголема светска хотелска компанија

Францускиот хотелски ланец „Accor“ проучува проект за конвергенција со својот британски конкурент InterContinental Hotels Group (IHG), пренесува францускиот весник „Le Figaro“.

Главниот извршен директор на француската компанија Себастијан Басен создаде тим на почетокот на јуни да работи на проектот, предводен од финансискиот директор Жан-Жак Морин.

Соединувањето на двата синџири ќе ја создаде најголема хотелска компанија во светот, која ќе го престигне американскиот „Marriott“. Таа ќе биде во силна позиција да привлече клиенти и сопственици на хотели кои бараат франшиза и договори за управување.

„IHG“ е сопственик на брендовите „Intercontinental“, „Crowne Plaza“ и „Holiday Inn“ и работи со 5.918 хотели со вкупно 883.364 соби низ целиот свет, од кои повеќето се концентрирани во Соединетите држави. Нејзиниот обрт во 2019-та година достигна 4,6 милијарди долари (3,87 милијарди евра) и се проценува на 7,8 милијарди евра на Лондонската берза. Компанијата исто така рапидно расте во Кина.

„Accor“, вреден 6 милијарди евра, поседува брендови како што се „Raffles“, „Sofitel“, „Novotel“, „Mercure“, „Ibis“ и работи со 5.099 хотели со вкупно 747.805 соби, но има мало присуство во Соединетите држави. Неговиот обрт лани достигна 4 милијарди евра.

Покрај географската комплементарност, соединувањето на двете компании ќе создаде значителни синергии во централните функции, системите за резервација и програмите за лојалност, забележува „Le Figaro“. Според публикацијата, одборот на „Accor“ ја поддржува можноста за спојување, но Базен презеде претпазлив пристап и претпочита да не презема акција во моментот.

„IHG“ работи деловен модел на таканаречените „лесни средства“, во кои не поседува многу имоти, но претпочита да обезбеди права за франшиза на своите брендови и да понуди хотелски услуги за управување на сопствениците. Францускиот конкурент ја презеде истата насока, што ги ограничува заштедите при комбинирање на две големи портфолија на недвижнини, забележува „Bloomberg“.

Но, постојат и други трошоци што можат да се намалат, како што се централизираните резервации, управувањето со имот и испораката на добра што ги користат хотелите. „IHG“ и „Accor“ се четвртиот и петтиот по големина хотелски оператор во светот, соодветно.

Двете компании се особено фокусирани на сегментот на средниот пазар преку ланци, како што се „Ibis“ и „Novotel“ на „Accor“. Тие им служат претежно на локалните патници, така што се во подобра позиција побрзо да закрепнат од пандемијата.

Проблемот е во тоа што околностите што го прават договорот пожелен, исто така, го отежнуваат тоа да се случи. Акциите на „Accor“ опаднаа за 40 проценти од почетокот на пандемијата, скоро двојно повеќе од „IHG“. Затоа, тешко е за Базен да ги започне преговорите од позиција на сила. Врз основа на нивната пазарна капитализација, можното спојување ќе им даде на акционерите на „IHG“ удел од 57% од комбинираната компанија, а оние на „Accor“ од 43%.

Но, ако се постигне договор, тоа може да биде од корист. Патувањето секогаш ќе се опоравува, а посилната компанија ќе биде во подобра позиција да преговара за зделките за франшиза со сопствениците на имот и да ја искористи својата комбинирана пазарна моќ за да привлече повеќе клиенти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП