7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМајкл Џексон својот гнев го истура врз „Битлси“, Елвис Присли и Ем-ти-ви

Мајкл Џексон својот гнев го истура врз „Битлси“, Елвис Присли и Ем-ти-ви

Во рачно напишани писма до кои дојде британскиот весник „Сан“, Мајкл Џексон вербално ги напаѓа музичките икони „Битлси“, Елвис Присли, Брус Спрингстин како и музичкиот канал Ем-ти-ви во врска со расната нееднаквост.

Писмата биле напишани во 1987 година, во екот на неговата слава, а до нив дојде британски „Сан“ во неделата.

Никогаш порано видените писма илустрираат како тој го користи својот гнев поради наводниот расизам во музичката индустрија за да ја потсректне својата слава.

„Белите луѓе отсекогаш ги брендираа страниците на историјата со големите бели надежи ставајќи ги белците над црнците како благородници, како на пример, Елвис да биде кралот на рокенролот, Спрингстин да биде The Boss (шефoт), а „Битлси “да бидат најдобри,“ напишал Џексон, како што пренесува „Сан“.

Тој признава дека „Битлси“ биле добри, иако додава: „но, тие не беа подобри пејачи или танчери од црнците“.

Џeксон додава дека „белците ги контролирале медиумите и печатот и тие можат да ја натераат јавноста да верува во тоа што сакаат“.

„Јас ќе го сменам ова СЕГА со моќта на моите песни и мојот танц, и изглед, и тотална рекреативност. Јас ќе владеам како крал.“

Џексон додава дека Елвис не е крал и дека тој ќе му покаже на Спрингстин кој е шефот. „Јас сум навистина лут и овие работи мора да се сменат“.

„Мојата цел е да сум доволно голем и доволно моќен за да станам херој кој ќе стави крај на предрасудите,“ додава Џексон во никогаш необјавените писма.

„Црнците не можат да бидат на насловната на белите публикации“, вели Џексон. „Мене ми рекоа дека не ставаат црнци на нивните корици бидејќи црнците не се смешкаат.“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП