28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБаерн Минхен по шести европски фудбалски шампион

Баерн Минхен по шести европски фудбалски шампион

Фудбалерите на Баерн Минхен се победници во Лигата на шампионите за сезоната 2019/20 година. Во последниот натпревар од елитното натпреварување за оваа сезона, Баварците вечерва во Лисабон го совладаа Пари Сен-Жермен со 1:0.

Стрелец на голот вреден трофеј во Лигата на шампионите беше Кингсли Коман во 59. минута.

Завршницата на Лигата на шампиони, поради пандемијата, се играше во формат „Фајнал 8“ на неутрален терен во Лисабон и без гледачи.

Баерн стана европски првак по шести пат и се изедначи со Ливерпул. Претходно, тимот го освои главниот европски куп во 1974, 1975, 1976, 2001 и 2013 година.

Повеќе трофеи од Баерн и Ливерпул имаат Милан (седум) и Реал Мадрид (13).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП