23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОдмор од соништата во дворец од бајките (фото)

Одмор од соништата во дворец од бајките (фото)

Дали некогаш сте посакале да ја посетите шармантната престолнина на Канада?

Отава веројатно се наоѓа на врвот од листата со дестинации кои сакате да ги посетите, но еден поглед на магичниот „Fairmont Chateau Laurier“ ќе ве наведе веднаш да започнете да мечтаете за ова патување. Тука е ветувачкиот поглед на „Parliament Hill“ и реката Отава, па така овој спектакуларен хотел се наоѓа на само неколку чекори од нео-готската архитектура по која е позната Отава.

Изграден во 1912 година овој замок е импресивна градба самиот по себе, а со фактот дека тој се наоѓа на мала одалеченост од бројни други атракции, музеи и културни знаменитости, тој станува уште попривлечен, за сите оние кои сакаат по прв пат да ја посетат и откријат Отава.

Во ентериерот, овој хотел на своите гости од целиот свет ќе им посака добредојде со елегантната и релаксирачка атмосфера која ќе ги задоволи и оние најпребирливите. Ако на сето тоа ги додадете и спа третманите за подмладување, вашиот одмор ќе биде навистина незаборавен.

Искуството на славење во овој хотел исто така ќе биде многу интересно, со деликатеси од светската класа кои се служат во „Wilfred’s“ ресторанот, додека во класичниот англиски попладневен чај можете да уживате додека ја истражувате мешавината на англиската и француската култура кои постојат овде.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП