27 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНово откритие на американските научници: На намалувањето на преносот на Ковид-19 и...

Ново откритие на американските научници: На намалувањето на преносот на Ковид-19 и смртноста влијае една работа

Додека целиот свет се подготвува за есенскиот бран од пандемијата „Ковид-19“, а научниците ширум светот работат на решение, од Америка дојде револуционерно откритие за методи за намалување на пренесување на вирусот и смртноста, и само благодарение на еден моќен елемент.

Д-р Гари Ворен, главен истражувач на престижната американска компанија SAIC, во својот труд „Внесувањето на јод за намалување на трансмисијата на Ковид-19 и смртноста од Ковид-19“, објавен во публикацијата Research Gate, истакна дека дневниот внес на максималната препорачана количина на јод доведува до апоптоза – клеточна смрт на клетките заразени со вирусот, спречувајќи го неговото понатамошно ширење.

Дневниот внес од 1,5 до 2,4 милиграми по човек (во зависност од телесната тежина), како што е откриено, ја зголемува подготвеноста на телото да се бори против Ковид-19. Колку повеќе луѓето го зголемуваат внесот на јод до максималното препорачано ниво, значително се намалува можноста за пренесување на Ковид-19, а со тоа и смртноста.

Тајланд, Филипините и Виетнам веќе започнаа со употреба на јод за специфична дополнителна заштита на медицинскиот персонал, покрај неизбежните маски, скафандерите и ракавиците.

Јодот најмногу се наоѓа во алгите, морската риба и готварска сол.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП