24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУапсен капитенот на Манчестер Јунајтед!

Уапсен капитенот на Манчестер Јунајтед!

Хари Мекгваер, капитенот на Манчестер Јунајтед, беше уапсен на грчкиот остров Миконос.

Според извештаите во медиумите, тој се судрил со група Британци, по што полицијата интервенирала.

Очевидци изјавија дека две групи Британци се судриле пред бар ноќта помеѓу четврток и петок.

Полицијата реагирала, а потоа ситуацијата се влошила.

Медиумите наведуваат дека три лица вербално и физички ги нападнале полициските службеници, како и дека се приведени.

Меѓу нив бил и Мекгваер.

По приведувањето, се наведува, тие не се смириле, а потоа биле уапсени.

Мекваер има 27 години, а минатото лето стана најскапиот платен дефанзивец, откако Јунајтед издвои 80 милиони фунти за неговиот трансфер од Лестер.

Роден е во Шефилд, каде започна да игра фудбал, а играше и за Хал и Виган.

Тој е член на репрезентацијата на Англија од 2017 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП