17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПочетните ноти на Одата на радоста како обележје на два јубилеја

Почетните ноти на Одата на радоста како обележје на два јубилеја

60 години „Охридско лето“ и 250 години од раѓањето на Бетовен

Музиката е универзален јазик кој ги поврзува луѓето, а нотите – нивното пишано лице, заедничко за сечии мисли и чувства. Одата на радоста од Лудвиг ван Бетовен,  химната на Европа, е своевиден симбол за заедништвото и универзалноста на вредностите воопшто. Во чест на музичкиот гениј, деновиве во центарот на Охрид поставено е обележје на почетните ноти на Ода на радоста, со моќна порака и во чест на јубилеите – 60 години „Охридско лето“ и 250 години од раѓањето на Бетовен.

Оваа порака ја носи и годинашното „Охридско лето“ кое со својот 60-годишен јубилеј  одбележува уште еден значаен јубилеј, 250-годишнината од раѓањето на Бетовен. Вака, Охрид уште поцврсто му припаѓа на светот и обратно – светот уште поцврсто му припаѓа на Охрид.

Одата на радоста симболично го означи и јубилејното издание на фестивалот. Првата вечер којашто беше посветена на оперската примадона Ана Липша-Тофовиќ која 1961 ја започна магијата на фестивалот, заврши токму со оваа химна на Европа во изведба на оперските ѕвезди Марија Јелиќ, Аманда Стојовиќ, Дарио ди Вјетри и Иван Томашев, придружени од Миливоје Вељиќ на пијано. Музиката на Бетовен, по повод 250 години од неговото раѓање се славеше низ цела Европа. Бетовен и Ода на радоста станаа своевидни белези на ова културно лето насекаде во Европа, па и кај нас. Во организација на Дојче Телеком, магента статуа на генијот патуваше низ Европа, од Бон, неговото родно место, преку Скопје, сѐ до Виена каде што ја компонирал Деветтата симфонија. Магента статуата симболично прошета и низ Охрид, збогатувајќи го фестивалот „Охридско лето“ кое со години наназад се одржува со поддршка на Македонски Телеком на уште еден начин: поинаков, различен, симболичен и обединувачки.

Поврзувањето како темел на заложбите на Телеком доби видлива, музичка димензија, а Охрид како древна колевка на уметноста – универзална димензија.

Сѐ уште можете да бидете дел од двојниот јубилеј, да се поврзете и со уметноста и да уживате во програмата на фестивалот. Споделете ваша фотографија од нотите како обележје кое ги симболизира почетните тонови на Ода на радоста со хаштаг #magentasonatas, Македонски Телеком ќе избере неколкумина кои ќе добиете бесплатни влезници за некоја од претстојните изведби од програмата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП