25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГолден Арт КЛ7 стартува со подготвителни натпревари во Охрид

Голден Арт КЛ7 стартува со подготвителни натпревари во Охрид

Младите ракометари на Голден Арт КЛ7 ги продолжуваат подготовките за предизвиците кои ги очекуваат во дебитантската  сезона во нај квалитетното ракометно натпреварување во државата. Првиот дел од подготовките според планот изработен од стручниот штаб предводен од Андон Бошковски, младите момци  го одработија во Скопје работејќи напоредно на отворено и сала, а вториот дел од неделата го продолжија во Охрид во комплексот хотел Аквалина.

До крајот на втората фаза и подготовките во Охрид момците ќе имаат згуснат распоред на тренинзи но и одлична можност за проверка на формата, одигрувајќи неколку подготвителни натпревари против вториот тим на Еурофарм Пелистер, натпревар кој ќе се одиграа во петок (21.08), а потоа следат две контролни средби со екипата на РК Аеродром и РК Прилеп во недела (23.08).

Последната фаза од подготовките Голден Арт КЛ7 ќе ја реализираат во Скопје каде ќе одиграат уште неколку подготвителни натпревари со екипи од суперлигата, очекувајќи го стратот на деби сезоната.

Во новата сезона која ќе стартува на 12/13 септември Голден Арт КЛ7 ќе се натпреварува во групата А заедно со Тинекс Пролет, Охрид, Радовиш, Струга, Астраион и Јуниор Кисела Вода.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП