11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЏиновски кит снимен на Јадранот(фото)

Џиновски кит снимен на Јадранот(фото)

Хрватскиот институт „Plavi svet“ објави дека, благодарение на дојавите од граѓаните, во вторникот кит долг петнаесет метри конечно бил пронајден во Јадранското Море во близина на Стариград-Пакленица.

Пред два дена експертите на Институтот ги повикаа граѓаните да им помогнат да го пронајдат китот, кој со денови се наоѓа во каналот Велебит, за да се утврди неговата здравствена состојба.

Китот е пронајден, но на вработените во Институтот времето не им одеше од рака.

-Китот беше на самиот раб на претстојната бура и по неколкуте појавувања се гњурна во водите… Но, вредеше – напишаа од Институтот на Фејсбук.

Додадоа дека китот што го видоа е возрасно животно, долго околу 15 метри.

https://www.facebook.com/blueworldinstitute/posts/10158732625619777

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП