18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБартомеу: Меси ќе остане во Барселона

Бартомеу: Меси ќе остане во Барселона

Првиот човек на Барселона Џозеп Марија Бартомеу рекол дека Лионел Меси ќе остане во клубот и покрај дебаклот што го доживеа „блауграна“ против Баерн во Лигата на шампионите.

По поразот од Баерн во Лисабон (8:2) на „Ноу Камп“ најавија чистка на сите нивоа. Први си заминаа тренерот Кике Сетиен и спортскиот директор Ерик Абидал. На местото на Сетиен доаѓа поранешниот фудбалер на Барселона Роналд Куман.

„Разговарав со Куман, столбот на нашиот тим ќе остане Меси. Тој има договор до 2021 година, јас секојдневно сум во контакт со него и неговиот татко. Работиме најдлабоко на продолжување на неговиот договор. Решив оваа генерација да добие шанса и наредната сезона. Можеби со реновирањето требаше да започнеме минатата година. Некои играчи веќе знаат дека за нив нема место во клубот“, рекол Бартомеу.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП