26 април, 2024
ПочетнаДИЕТИДИЕТА: Експрес диета – 2 кг за 3 дена

ДИЕТА: Експрес диета – 2 кг за 3 дена

Едноставната експрес диета спаѓа во групата на „брзи диети”. Направена е така што диеталците нема да почувствуваат глад, а „наградата“ e два килограми помалку за само три дена. Причина за ваквото брзо губење на тежината е комбинацијата на намирници кои брзо даваат чувство на ситост, дури и во услови на намалено внесување на намирници.

Експрес диетата е одлична на кратки патеки, после подолг период на обилна исхрана и кога сакаме да прекинеме со лошите навики во исхраната кои обично не „обземаат“ за време на различните празници.

Оваа диета значително ја ограничува количината на храна која се внесува, и како последица на ова доаѓа до благ дефицит на витамини и минерали што би требало да се надокнади со адекватни суплементи.

Напомена : Оваа диета се држи само три дена (72 часа)- секое држење преку овој период е контрапродуктивно. Циклусот на оваа диета може да се повтори после 4 дена умерена, стандардна исхрана.

Експрес диета 2 кг за 3 дена – план на оброци по денови

Ден 1

Појадок:

– едно парче интегрален леб

– една шоља полномасно млеко

Ручек:

– 300 гр компир пире

– шоља чај (зелен, од билки или црн)

Вечера:

– 250 гр салата направена од варен компир, варени јајца,со маслиново масло или сончогледово масло

– шоља чај (зелен,од билки или црн)

 

Ден 2

Појадок:

– една шоља полномасно млеко

Ручек:

– 200 гр компир пире

– 100 гр салата од зеленчук (најдобро е сезонски мешан зеленчук)

– шоља чај (зелен, од билки или црн)

Вечера:

– еден свеж домат

– шоља чај ( зелен,од билки или црн).

 

Ден 3

Појадок:

– едно парче интегрален леб

– една шоља црно кафе (без шеќер)

Ручек:

– 300 гр компир пире

– шоља чај ( зелен, од билки или црн)

Вечера:

– 250 гр салата од варен компир и варени јајца со маслиново или сончогледово масло

– шоља чај ( зелен, од билки или црн)

 

Заклучок:

Многу прикладна диета за оние кои се нетрпеливи и кои што сакаат брзи резултати, а единствена мотивација им е да се ослободат од неколку килограми вишок кои ги добиле за време на празниците. Одлична е и за премин на друг, умерен начин на исхрана – едноставно кога треба да се пресечат новосоздадените (лоши) навики.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП