ПочетнаЕКОНОМИЈАСевиља преку Манчестер Јунајтед изборија финале во Лига Европа

Севиља преку Манчестер Јунајтед изборија финале во Лига Европа

Фудбалерите на Севиља изборија финале во Лига Европа, откако вечерва во Келн го совладаа Манчестер јунајтед со 2:1.

Иако полуфиналниот дуел почна одлично за Јунајтед и водство по само девет минути игра, сепак до крајот шпанскиот тим постигна два гола и се обезбеди меч за трофејот во второто по квалитет клупско континентално натпреварување.

Голот за Манчестер го постигна Бруно Фернандеш од пенал. Изедначи Сусо во 26. минута, а целосен пресврт навести Лук Де Јонг со погодокот во 78. минута.

Противник за Севиља во финалето ќе биде победникот од утрешниот меч во кој се среќаваат Интер и Шахтјор.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП