26 јуни, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАПСЖ за три минути до полуфиналето

ПСЖ за три минути до полуфиналето

ПСЖ го скрши проклетството и конечно се квалификуваше во полуфиналето на Лигата на шампионите. Со два гола по 90-тата минута, парижаните ја совладаа Аталанта со 2:1 и ќе ја паметат незаборавната вечер во Лисабон и „Естадио Да Луж“.

Италијанците одиграа одличен натпревар и водеа до 90-тата минута. Марио Пашалиќ им донесе предност на избраниците на Џанпјеро Гасперини во 27 минута, а потоа имаа и неколку поповолни позиции да удвојат.

Во исто време, парижаните беа далеку од висината на задачата, а Нејмар направи еден невиден пропуст. Сепак, токму Бразилецот асистираше за израмнувачкиот гол на Маркињос во 90-тата минута, а во 93-тата го започна нападот за голот постигнат од резервата Максим Чупо-Мотинг.

Така, екипата на Томас Тухел ги надмина тешкотиите и ќе игра полуфинале во ЛШ, по несреќните елиминации во четвртфиналето во претходните сезони. Таму Французите ќе се соочат со победникот од дуелот меѓу Атлетико Мадрид и Лајпциг.

ПСЖ последен пат стигна до полуфиналето на турнирот во 1995 година.

За Аталанта останува утеха што стигнаа до осумте најдобри екипи во своето деби учество во ЛШ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар