26 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАКнигата „Монологија“ со најпознатите монолози на Тошо Малерот достапна во „Литература.мк“

Книгата „Монологија“ со најпознатите монолози на Тошо Малерот достапна во „Литература.мк“

Книгата „Монологија“ на Васко Тодоров во која се собрани сите култни монолози на неговото хумористично алтер-его Тошо Малерот од легендарното шоу „К-15“ беше издадена неодамна под капата на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина ‒ публикации“, информираат од Литература.мк

Ова дело веќе може да се купи во сите книжарници „Литература.мк“ или да се нарача онлајн на веб-страницата www.literatura.mk. Во „Монологија“ се собрани најпознатите монолози на Тошо Малерот снимени со „К-15“, но и скечеви кои досега не биле емитувани на телевизија.

‒ Батка, оваа книга ти е чист импресионизам со примеси на експресионизам, а целта е да се доближи човековото внатрешно битие кон возвишеното во него. Затоа што љубовниот стремеж е чекан, обостраната хемија е длето и сè се сведува на делкање – вели тој.

Васко Тодоров во моментов е дел од екипата на сатиричната емисија „Фчерашни новости“. Најголемиот дел од популацијата го препознава по легендарните ликови кои ги толкуваше во рамки на шоуто „К-15“ заедно со Бранко Огњановски и Љупчо Бубо Каров. Првата епизода била емитувана на 23 ноември 1994 година на А1 телевизија. Шоуто оттогаш обезбедува силна социјална, политичка и економска критика особено на нелогичностите во македонското општество, етничката толеранција, стереотипите и табу темите. „К-15“ во текот на своето постоење е емитувана на повеќе домашни телевизии и останува една од најпознатите хумористични емисии во земјава.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП