19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКрај на една ера: "Toshiba" после 35 години престанува со производство на...

Крај на една ера: “Toshiba” после 35 години престанува со производство на лаптопи

Јапонскиот технолошки гигант “Toshiba” го продаде последниот удел во секторот за производство на лаптопи и компјутери „Dynabook“, што значи дека повеќе нема да произведува лаптопи или домашни компјутери.

“Sharp” откупи 80 отсто од секторот на “Toshiba” во 2018 година за 36 милиони долари и сега го презеде преостанатиот удел.

Првиот лаптоп Toshiba произведен во 1985 година беше „T1100“ и тежеше четири килограми. Работел со флопи диск.

Toshiba продала повеќе од 17 милиони компјутери во 2011 година, но продажбата падна на 1,9 милиони до 2017 година.

Во текот на 2016 година, Toshiba веќе не произведуваше лаптопи за европскиот пазар и вниманието беше насочено кон делови за компаниите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП