Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 12,801.76 -0.26%    KMB 7,098.00 0.35%    MPT 68,224.60 1.47%    SBT 2,837.00 2.99%    TNB 17,200.00 -1.02%    USJE 25,001.00 0%    

„Flipbook Film Festival“ во МКЦ парк од 11 до 13 август

Време: 11:23

Датум: август 10, 2020

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Првото издание на „Flipbook Film Festival“ ќе се одржи од 11 до 13 август 2020 година во МКЦ, со поддршка од Делегацијата на Европската Унија и Агенцијата за филм. Од пристигнатите повеќе од илјада кратки филмови од цела Европа, беа селектирани вкупно 87 филмови во три натпреварувачки програми и панорама на европски анимиран филм.

Во главната селекција на најдобар анимиран филм ќе се натпреваруваат 25 наслови, најдобрите европски остварувања од минатата година, меѓу кои победници на Санденс, Берлинале, Анеси, номинирани за Оскар.

Во категоријата за најдобар студентски анимиран филм ќе се натпреваруваат вкупно 25 филмови. Оваа категорија е посебно интересна бидејќи авторите своите филмови ги прават за време на своето студирање на европските филмски академии и можат да си дозволат целосна авторска слобода и експериментирање со медиумот. Ќе бидат прикажани филмови од најдобрите европски школи: хрватската, белгиската, чешката, француската.

Новина за македонската публика е натпреварувачката селекција на анимиран документарен филм, хибридна филмска форма која во последните десетина години зазема се позначајно место во изразот кај многу документаристи и аниматори. во главната, студентската селекција и во панорамата ќе бидат прикажани дури осум македонски анимирани филмови, повеќето премиери за македонската публика. Во фестивалските денови ќе имаме можност, меѓу другите, да ги гледаме новите филмови на Иван Андреевски, Вук Митевски, Саша Станишиќ и студентските филмови на Сандра Јовановска и Кристијан Савиќ.

Покрај физичкото издание на фестивалот, со бесплатни филмски проекции и изложба на цртежи од анимирани филмови, на отворено во паркот на Младинскиот Културен Центар, заради ситуацијата со корона вирусот, Flipbook Film Festival ќе има и онлајн издание. Од 7 до 13 август македонската публика ќе има можност, бесплатно, на платформата cinesquare.net, да ги гледа сите филмови, да гласа и да ја додели наградата за Најдобар анимиран филм од онлајн публиката, а ќе бидат одржани и онлајн работилници за сценарио, продукција и постпродукција на анимиран филм.

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Германија: Странците се платени за 900 евра помалку од домашните работници

    Германија: Странците се платени за 900 евра помалку од домашните работници

    Странците во Германија во просек месечно заработуваат 900 евра помалку од домашните граѓани, но сепак, на новодојденците од регионов им е подобро од луѓето од…

  • Неуспехот не прави искусни и мудри

    Неуспехот не прави искусни и мудри

    Позитивениот став, трпеливоста и упорноста носат успех, но прво треба да се ослободите од стравот од неуспех, бидејќи тоа може да ви биде најкорисна и…

  • МАСИТ: ИКТ секторот најбрзорастечки, да се работи на создавање кадар за потребите на индустријата

    МАСИТ: ИКТ секторот најбрзорастечки, да се работи на создавање кадар за потребите на индустријата

    Македонскиот ИКТ сектор во последните три години бележи постојан раст во број на компании и вработени, раст на извозот, на профитот и приходите, покажува Извештајот…

  • 92 години од првиот цртан филм со Мики Маус

    92 години од првиот цртан филм со Мики Маус

    Денес се навршуваат точно 92 години од првото прикажување на анимираниот цртан филм „Паробродот Вили“, кој е првиот звучен цртан филм во историјата. Покрај тоа…

  • Две волонтерки претрпеле невролошки проблеми по примањето на оксфордската вакцина

    Две волонтерки претрпеле невролошки проблеми по примањето на оксфордската вакцина

    Две лица се разболеле за време на испитувањето на вакцината против коронавирусот на компанијата „АстраЗенека“ во Велика Британија, откриваат извештаите на компанијата, а извори велат…

  • Tом Харди е новиот Џејмс Бонд

    Tом Харди е новиот Џејмс Бонд

    Том Харди, наводно, е избран како следен Џејмс Бонд кој ќе го замени Даниел Крејг по „Не е време за умирање“, објави весникот „Дејли експрес“…

  • Сојузот на стопански комори предложи 25 мерки за економски спас

    Сојузот на стопански комори предложи 25 мерки за економски спас

    Сојузот на стопански комори на Македонија, минатата недела достави 25 мерки за економски спас, кои очекува Владата, да ги усвои и имплементира во соодветна временска…

  • Без кои пет работи не можете да го замислите денот?

    Без кои пет работи не можете да го замислите денот?

    Дали некогаш сте размислувале за работите без кои не можете ни да замислите да ви помине денот? Листата е сигурно прилично долга, а на неа…

  • Нудат пари на младоженците: Овој прекрасен остров ќе ви даде 3.000 евра доколку одлучите да стапите во брак таму

    Нудат пари на младоженците: Овој прекрасен остров ќе ви даде 3.000 евра доколку одлучите да стапите во брак таму

    Сицилијанските власти одлучиле да дадат по 3.000 евра на секој пар кој ќе одлучи да се венча на Сицилија, пишуваат италијанските медиуми. Локалните власти издвоија…

  • САД прави по милион тестови за коронавирус на ден

    САД прави по милион тестови за коронавирус на ден

    САД поставија нов рекорд со повеќе од милион тестови за коронавирус за еден ден, но експертите велат дека им требаат шест до десет милиони тестови…