19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПирло нов тренер на Јувентус

Пирло нов тренер на Јувентус

Андреа Пирло и официјално стана нов тренер на Јувентус. Италијанскиот фудбалски шампион вечерва потврди дека 41-годишниот Пирло потпиша договор со важност до 2022 година.

За Пирло, ова ќе биде прво искуство во тренерската кариера. На крајот на јули, тој беше назначен за главен тренер на младинскиот тим (до 23 години) на Јувентус.

Пирло е светски првак во 2006 година со италијанската репрезентација. Играше за Јувентус од 2011 до 2015 година. Како дел од тимот, тој стана четирикратен шампион на Италија, го освои Суперкупот двапати и националниот Куп еднаш.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП