25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„T-Mobile“ го замени „АТ&Т“ и стана втор по големина телеком во САД

„T-Mobile“ го замени „АТ&Т“ и стана втор по големина телеком во САД

„T-Mobile“ привлече повеќе месечни претплатници отколку што се очекуваше во вториот квартал и најави дека е пред својот конкурент „АТ&Т“, а со тоа стана втор по големина телекомуникациски оператор во САД, пренесува „Reuters“.

Бизнисот на компанијата се зголеми затоа што повеќе луѓе ги користеа своите услуги да останат поврзани и да работат од далечина за време на блокадата поради коронавирусот. Веста ја зголеми цената на акциите за 5,4% на 114,02 американски долари за време на последното берзанско тргувањето.

„T-Mobile“ објави дека е пред „АТ&Т“ во претплатничкиот сегмент, каде што клиентите плаќаат месечни сметки, како и во припејд услугите.

Компанијата објави дека има 98,3 милиони претплатници во овие категории, додека „АТ&Т“ имаше скоро 93 милиони во вториот квартал.

Податоците за клиентите на телекомуникациите во САД можат да бидат тешки за споредба, со оглед на варијациите во понудените планови. Од „АТ&Т“ одбија да коментира на оваа тема.

„T-Mobile“ додаде нови 253.000 претплатници кои плаќаат месечна сметка, споредено со 710.000 пред една година. Аналитичарите очекуваа 169.200 нови претплатници, според компанијата за истражување на пазарот „FactSet“.

Телекомот, кој го заврши своето спојување со „Sprint“ во април, за прв пат објави резултати за комбинираната компанија.

„T-Mobile“ објави дека повеќе од 10% од мрежниот сообраќај од месечните претплатници на „Sprint“ е префрлен на „T-Mobile“. Компаниите сакаат да привлечат клиенти ценовно ориентирани кон поевтини планови, откако пандемијата остави милиони луѓе во САД без работа.

Нето-добивката на „T-Mobile“ за вториот квартал падна на 110 милиони долари, или 9 центи за акција, од 929 милиони долари, или 1,09 долари за акција пред една година. Причината за ова е цената од спојувањето со „Sprint“.

Приходите скокнаа за 61 процент на 17,67 милијарди долари, над прогнозата на аналитичарите за 17,61 милијарди долари, според „Refinitiv“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП