28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВаран по најлошиот меч во кариерата: Им се извинувам на сите!

Варан по најлошиот меч во кариерата: Им се извинувам на сите!

Трагичар во синоќешниот пораз и елиминација на Реал Мадрид уште во осминафиналето во ЛШ беше францускиот дефанзивец Рафаел Варан. Тој беше директен виновник за двата гола на „граѓаните“. Неговите грешки знаеја како да ги казнат и Стерлинг и Хесус.

По мечот на „Итихад“ разочарувањето кај еден од најдобрите дефанзивци во светот беше големо.

„Сакам да им се извинам на сите, ја преземам одговорноста за сето тоа што се случи. Овој пораз е моја вина и жал ми е поради соиграчите кои дадоа се од себе. На ова ниво на натпреварување, грешки како моите скапо се плаќаат“ рече Варан по мечот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП