Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 12,600.00 0.8%    GRNT 1,006.66 0.26%    KMB 6,888.28 1.97%    MTUR 3,900.00 -2.5%    REPL 87,000.00 2.62%    STB 1,167.91 -1.22%    TETE 1,946.00 2.96%    TTK 1,350.00 2.27%    UNI 2,400.00 0%    ZPKO 2,575.00 3%    

ДИЕТА: Јога диета – за слабеење и обликување на телото

Време: 09:03

Датум: август 8, 2020

Категорија: ДИЕТИ

Јога диетата претставува збир на правила кои иако се крајно едноставни, даваат одлични резултати видливи на вагата, но и на телесните пропорции.

Не мора да вежбате јога за да ги усвоите долните правила. Ваквата исхрана ве потикнува да ги користите производите кои се корисни за вашето тело и кои релативно лесно се наоѓаат, а нивниот извор е – природата. Значи, не мора да користите разни видови на вештачки витамини и хранливи апчиња, затоа што неопходните супстанци секојдневно ги добивате со внесување на квалитетни и добро избалансирани намирници.

Со јога диетата може да водите здрав и исполнет живот, истовремено штитејќи го телото од разни заболувања и болести. Оваа диета ја поддржува природната рамнотежа на природните сили во телото, збогатувајќи ги органите и ткивата со корисни нутритиви и ја подигнува менталната енергија. Правилата на јога диетата се прилично едноставни и разбирливи.

Основни правила на јога диетата

– Никогаш не јадете стоејќи

– Јадете три оброка дневно

– Никогаш не ја подгревајте храната повторно

– Пијте 6 – 8 чаши вода дневно. Немојте да ја замените водата со чај, сокови и останати пијалоци

– Избегнувајте пржена храна, оваа храна е многу тешка за варење и го иритира желудникот

– Направете ја храната привлечна, на пример украсете ја со свежи растенија

 

Пример на диетен план:

Прв појадок: 150 – 200 гр од било кое овошје

Втор појадок: Шоља супа од зеленчук без маснотии (250 мл), 100 – 150 гр посно варено месо, (телешко, јунешко, риба или пилешко без кожа ), салата од свеж зеленчук без додатоци (можете да ја зачините со сок од лимон).

Ручек: Шоља супа од зеленчук без маснотии (250 мл), 100 – 150 гр сирење или варено јајце, салата од свеж зеленчук без додатоци (освен сок од лимон), чаша обезмастен јогурт или млеко.

Вечера: 150 – 200 грама од било кое овошје.

joga_dijeta-02

Може да јадете различна храна. На пример, денес јадете рибна чорба и риба. Утре јадете пилешка супа и пилешко месо. Може да направите многу едноставна салата од зелка, цвекло, моркови, лук. Варијациите се многубројни, а единствено ограничување е вашата фантазија.

Распоредот на оброците со два појадока дава можност оброците да ги распоредите така што нема да гладувате и лесно ќе се прилагодува на било кој дневен ритам. Оброците се со избалансирана исхрана и телото не страда од недостаток на витамини и минерали.

Ефектот на јога диетата може значително да го подобрите со секојдневни физички активности. Иако го носи името во кое се споменува јога – не е неопходно да вежбате јога – доволна е и четириесет минутна брза прошетка, возење велосипед или пливање. Важно е секојдневно да ги имате овие активности.

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • ДИЕТА: ИП Шејк диета – 4 кг за 5 дена!

    ДИЕТА: ИП Шејк диета – 4 кг за 5 дена!

    Напомена: Да нема забуна – диетата за која станува збор на оваа страница не е Ideal Protein Diet, која се темели на протеински шејкови и навлегување во кетоза…

  • Диета со кисело млеко

    Диета со кисело млеко

    Оваа диета може да ви помогне да изгубите 5 – 6 килограми за 10 дена. Сепак, бидејќи е во прашање рестриктивна диета, таа не би…

  • Есенска диета: За една недела, три килограми помалку!

    Есенска диета: За една недела, три килограми помалку!

    Изгубете го вишокот килограми лесно и здраво, без исфрлање на ниту една група на намирници. Есента изобилува со големи трпези кои многу негативо влијаат на…

  • Диета „Баланс“ – 5 кг за 1 месец

    Диета „Баланс“ – 5 кг за 1 месец

    Балансираната исхрана е клуч за совршената фигура. Затоа, решивме да ви понудиме една балансирана диета со која непречено може да симнете 5 кг за 1…

  • ДИЕТА: Месечева диета – дури и до 3 кг дневно!

    ДИЕТА: Месечева диета – дури и до 3 кг дневно!

    „Месечевата диета“ е добро позната метода за која се вели дека врши детоксикација на организмот и го потикнува телото на губење на тежината – дури и…

  • ДИЕТА: Краставица диета

    ДИЕТА: Краставица диета

    Диетата со крставици е идеална за сите оние кои ги мрзи премногу да размислуваат што ќе јадат додека се на диетa затоа што диетниот план…

  • Диета за вработени (Предлог мени за пет дена)

    Диета за вработени (Предлог мени за пет дена)

    Не е лесно да се практикува посебен режим на исхрана ако сте на работа цел ден. Сепак не губете волја бидејќи група американски нутриционисти објавија…

  • Диета 2+1: Намалете 5 кг за 2 недели

    Диета 2+1: Намалете 5 кг за 2 недели

    Ако вашата желба е идеалната линија, не е потребно да се откажете од омилената храна… Овој режим на исхрана се базира на внесување на големи…

  • Медитеранска диета

    Медитеранска диета

    Британскиот нутриционист, д-р. Ана Бинс, понуди решение за најголемиот проблем на секој кој ќе се фати во костец со намалувањето на килограмите – истрајноста. Да…

  • ДИЕТА: Експрес диета – 2 кг за 3 дена

    ДИЕТА: Експрес диета – 2 кг за 3 дена

    Едноставната експрес диета спаѓа во групата на „брзи диети”. Направена е така што диеталците нема да почувствуваат глад, а „наградата“ e два килограми помалку за…