6 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕMasters Edition Club House Toro

Masters Edition Club House Toro

dav1

Брендот „Davidoff“ пред некое време ја претстави својата најнова пура во ограничено издание – „Masters Edition Club House Toro“…

dav2

Пурата со должина од 6.25 инчи е оценета како најдобра опција за уживање во драгоцените моменти на голф терените со пријателите или колегите. Рачно е направена од страна на најдобрите мајстори за пури на оваа куќа.

dav3

Пурата е направена со мешање на ретки и специјално созреани тутуни, кои без проблем ќе траат во текот на целата партија голф.

dav4

„Gran Toro“ пурата е креирана во фантастична „Yamasa“ обвивка и има благо забиберени и кремасти ноти, кои ги следи елегантен акцент на чоколадо, карамела и кафе. Вкусот може да се почувствува низ целата должина.

dav5

Пурата е спакувана во бела кутија со многу сјај, содржи 10 пури, а секоја кутија чини по 219 долари.

dav6

Произведени се само 7.000 кутии ширум светот, а половина од таа количина е резервирана само за пазарите во САД.

dav7

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП