16 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗидан: Бејл бараше од мене да не игра против Сити!

Зидан: Бејл бараше од мене да не игра против Сити!

Велшкиот фудбалер Герет Бејл самиот барал да не биде во составот на Реал Мадрид на утрешното гостување на „Итихад“ во реванш осминафиналниот дуел против Манчестер Сити, изјави денеска кормиларот на Кралскиот клуб.

„Беше тоа приватен разговор со него. Останатото е меѓу него и мене, но рече дека не сака да игра“ – рече кратко Зинедин Зидан.

Бејл последен пат во игра беше на 24 јуни, оттогаш камерите ги следат неговите лудории на клупата за резерви.

Фудбалерите на Реал Мадрид утре во Манчестер со почеток од 21 часот го играат мечот на кој ќе се обидат да го надополнат заостанувањето од 2-1 по првиот меч одигран на „Бернанеу“ пред паузата која настана поради пандемијата со коронавирусот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП