27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛеброн ја продолжува личната војна со Доналд Трамп

Леброн ја продолжува личната војна со Доналд Трамп

Леброн Џејмс повеќе е загрижен за коментарите на американскиот претседател Доналд Трамп отколку за формата на неговите Лос Анџелес лејкерс, откако по 105:86 поразот од Оклахома Сити, изјави дека „никому не му е грижа“ дали Трамп ќе гледа НБА.

Трамп повторно ги повика НБА кошаркарите за одлуката да клечат за време на американската химна, нарекувајќи го потегот „срамен“ и додаде дека никој од претходните претседатели не направил повеќе за црната заедница во САД. Џејмс беше брутален.

„Се обидувате да ме насмеете по поразот? Го почитувам тоа. Навистина сметам дека никој во кошаркарската заедница не е загрижен што ќе го загуби него како гледач. Тоа е сè што ќе кажам. не сакам да влегувам во дискусија бидејќи знам каде ќе отиде тоа“, вели Џејмс.

Сепак, тој посочи дека претседателските избори во САД се на неколку месеци.

„Се надевам дека сите, без разлика на расата, на бојата, на величината ќе погледнат какво лидерство имаме во моментов и ќе сфатат дека ноември е многу блиску и ќе биде важен момент за Американците. Ако продолжиме да зборуваме дека сакаме подобро, сакаме промена, ќе имаме шанса за тоа“, додаде Џејмс.

Ова не е првпат Леброн да влезе во конфликт со Трамп. Откако Трамп не ги повика НБА шампионите Голден Стејт вориорс во Белата куќа во септември 2017 по изјавите на Стивен Кари, Џејмс го нарече „пропалица“, а во февруари 2018 година посочи дека на Трамп „не му е грижа за Американците“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП