Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 12,801.76 -0.26%    BESK 6,283.00 3%    KMB 7,074.91 0.02%    MPT 68,224.60 1.47%    SBT 2,837.00 2.99%    TNB 17,200.00 -1.02%    TTK 1,350.00 1.13%    USJE 25,001.00 0%    

Отворено 60. јубилејно издание на „Охридско лето“

Време: 12:04

Датум: август 5, 2020

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Со концерт насловен „Вокални бисери – по стапките на Ана Липша“, посветен на нашата оперска примадона Ана Липша Тофовиќ, во изведба на солистите Марија Јелиќ – сопран, Дарио Ди Виетри – тенор, Иван Томашев – бас и Аманда Стојовиќ – мецосопран во пијано придружба на Миливое Велиќ, вчера во Античкиот театар во Охрид свечено беше отворено годинешното 60. јубилејно издание на фестивалот „Охридско лето“.

Министерот за култура Хусни Исмаили кажа дека фестивалот „Охридско лето” денеска е многу повеќе од очекувањата на неговите основачите пред 60 години, но и од нивните соништа за фестивал кој што ќе биде уметнички амблем на Северна Македонија на уметничката светска арена.

„Фестивалот ‘Охридско лето’, кој што оваа година бележи значаен и величествен јубилеј, не се мери веќе со годините на неговите изданија, туку се мери со уметничките успеси што ги носи секоја година. Фестивалот низ годините израснал од ентузијазмот и љубовта на многу луѓе кои што можеби вечерва и не се меѓу нас, но со нивната посветеност овозможија тој опстои повеќе од половина век и да создава уметници кои што би ги посакувала секоја светска сцена“, рече министерот Исмаили.

Фестивалот за отворен го прогласи покровителот на манифестацијата, претседателот на државата Стево Пендаровски кој упати честитки за шестдецениското опстојување во кое, како што истакна, „врвни македонски, европски и светски уметници нѐ почестија со својата извонредност, тука во Охрид“.

„И од тука ја промовираа македонската култура и, воопшто, вредностите на нашиот народ и држава. Ова достигнување е заслуга на генерации културни работници и поддржувачи кои со својот труд и со посветеноста се вградија себеси во мисијата на овој фестивал“, рече претседателот.

Јубилејното фестивалско издание за првпат од 1961 година се одржува надвор од вообичаениот термин,и ќе трае од 4 до 30 август со строги придржувања кон протоколите за заштита од ширење на Ковид-19.

Во текот на фестивалските денови на отворените сцени на Античкиот театар, Долни Сарај, Предворјето на „Света Софија“, ќе настапат околу 300 уметници од 19 земји, како и голем број домашни уметници. Музичката програма на „Охридско лето“ годинава содржи 26 концерти, од кои два во фестивалската офф-програма.

На фестивалот ќе настапат реномирани музичари од Русија, САД, Шпанија, Турција, Косово, Италија, Албанија, Германија, Франција, Чешка, како и уметници од домашната музичка сцена.

Драмскиот дел од програмата пак ќе понуди театарски креации од домашните театарски куќи.

Шестдецениското опстојување и успешниот пат од едновечерен концерт до манифестација со врвен светски уметнички дострел, Фестивалот „Охридско лето“ ќе биде одбележан и со промоција на монографијата „Фестивалска приказна“.

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Меѓународна истрага: Валкани пари поминувале низ најголемите светски банки

    Меѓународна истрага: Валкани пари поминувале низ најголемите светски банки

    Астрономските износи на “валкани” пари со години минувале низ најголемите банкарски институции во светот, откри истрагата на Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари (ICIJ), која го…

  • Гејтс кажа што мисли за тврдењето дека Маск е „новиот Стив Џобс“

    Гејтс кажа што мисли за тврдењето дека Маск е „новиот Стив Џобс“

    Бил Гејтс неодамна бил гостин на телевизијата „Блумберг“ каде што го прашале што мисли за тоа што Илон Маск го нарекуваат „новиот Стив Џобс“. „Ако…

  • Пад на европските берзи, економското закрепнување губи интезитет

    Пад на европските берзи, економското закрепнување губи интезитет

    На европските берзи утрово цената на акциите забележаа значителен пад поради ширењето на коронавирусот на континентот. Тоа ги зголемува стравувањата дека економското закрепнување ќе биде…

  • Македонија ќе биде домаќин на Меѓународниот балкански вински натпревар

    Македонија ќе биде домаќин на Меѓународниот балкански вински натпревар

    На Меѓународниот балкански вински фестивал, кој годинава се одржа во Софија, Бугарија, од 17 до 19 септември 2020, беше соопштено дека во 2021, Меѓународниот балкански…

  • Како пандемијата може да го промени капитализмот засекогаш?

    Како пандемијата може да го промени капитализмот засекогаш?

    Капитализмот е во криза. Пандемијата може да го промени засекогаш – во корист на работниците и оние на кои им е најпотребно. Ковид-19 стави „под…

  • Од ноќеска на полноќ поскапуваат горивата

    Од ноќеска на полноќ поскапуваат горивата

    Малопродажните цени на евродизелот и екстра лесното масло за домаќинство се зголемуваат за 0,50 денари и од вечерва на полноќ ќе изнесуваат 49,50 денари за…

  • Просечната нето-плата во јули 27.231 денар

    Просечната нето-плата во јули 27.231 денар

    Просечната нето-плата во јули годинава била 27.231 денар, додека бруто платата изнесувала 40.640 денари. Според Државниот завод за статистика, во однос на јули 2019 година…

  • Германија: Странците се платени за 900 евра помалку од домашните работници

    Германија: Странците се платени за 900 евра помалку од домашните работници

    Странците во Германија во просек месечно заработуваат 900 евра помалку од домашните граѓани, но сепак, на новодојденците од регионов им е подобро од луѓето од…

  • Неуспехот не прави искусни и мудри

    Неуспехот не прави искусни и мудри

    Позитивениот став, трпеливоста и упорноста носат успех, но прво треба да се ослободите од стравот од неуспех, бидејќи тоа може да ви биде најкорисна и…

  • МАСИТ: ИКТ секторот најбрзорастечки, да се работи на создавање кадар за потребите на индустријата

    МАСИТ: ИКТ секторот најбрзорастечки, да се работи на создавање кадар за потребите на индустријата

    Македонскиот ИКТ сектор во последните три години бележи постојан раст во број на компании и вработени, раст на извозот, на профитот и приходите, покажува Извештајот…