27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВажна вест за корисниците на Apple: iPhone 12 ја менува воспоставената практика

Важна вест за корисниците на Apple: iPhone 12 ја менува воспоставената практика

Компанијата Apple ги навикна своите корисници на сигурен распоред – новиот „iPhone“ претставен на почетокот на септември, а на пазарот би се нашол неколку недели подоцна. Меѓутоа, сега дојде до промени.

Како што официјално објави Apple, новиот iPhone би можел да се појави на пазарот дури во октомври.

„Минатата година, новите iPhone уреди можеа да се купат кон крајот на септември, но оваа година очекуваме да бидат достапни неколку недели подоцна“, изјави Лука Маестри, главен финансиски директор на Apple.

Навистина е ретко за Apple воопшто и да зборува за уреди кои допрва треба да бидат објавени. Меѓутоа, веројатно се одлучија на оваа изјава сега затоа што корисниците се навикнати на тој утврден распоред, па истото би го очекувале и оваа година.

Мaестри, пак, не кажа дали ќе се помести и настанот на кој ќе бидат презентирани уредите, или само датумот кога ќе бидат пуштени во продажба. Исто така, не наведе причина за ова одложување, но скоро е сигурно дека е во прашање последица на пандемијата од коронавирус и сите логистички проблеми кои таа ги носи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП