23 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕХонг Конг: Паркинг место од 170.000 долари

Хонг Конг: Паркинг место од 170.000 долари

Инвеститорите во Хонг Конг ја зголемуваат цената на паркинг местата, иако таа е меѓу највисоките во светот.

Тоа создава страв дека во финансискиот центар во Азија се создава „балон од надуени цени“, кој ќе пукне како и многуте пред него и ќе предизвика криза.

Цените за паркинг простор во Хонг Конг се блиску до историскиот максимум, што е нус-производ од напорите на локалните власти да го оладат пазарот за недвижности поради стравувањата дека може да дојде до негово прегревање.

Во текот на викендот, еден инвеститор продал 500 паркинг места со нова станбена зграда во предградието. Цената на едно паркинг место била 1,3 милиони хонгконшки долари односно 167.000 американски долари.

Во деловна зграда во близина на центарот на градот на островот Хонг Конг, инвеститорите продале 34 паркинг места за дури 100 милиони хонгконшки долари, пишува весникот Минг Пао.

Во четврток едно паркинг место во зградата во популарната станбена област „Мид-Левелс“, ќе се најде на аукција со почетна цена од 680.000 хонгконшки долари (87,000 американски долари).

Паркинг местата во третиот квартал од оваа година се продаваа за 640.000 хонконшки долари (82.000 американски долари) во просек, што е за 16,4 проценти повеќе од минатата година.

Тоа не е далеку од рекордните 660.000 хонгконшки долари во четвртиот квартал во 1997 година, пред колапсот на пазарот за недвижности во тој град, кој е дел од Кина, но ужива во самоуправата.

Растот на цените е нус-производ од неодамнешните мерки за ладење на цените на недвижностите кои до крајот на 2009 година се дуплираа во Хонг Конг и сега се меѓу највисоките во светот.

Новите ограничувања не се однесуваат на делот од имотот кој е наменет за живеење, а ни на паркинзите чии инвеститори ги надуваа цените.

Според аналитичарите, во Хонг Конг дефинитивно се создава „балон“, затоа на инвеститорите не им се потребни големи инвестиции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП