24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПатиките Air Jordan би можеле да постигнат нов рекорд на аукцијата за...

Патиките Air Jordan би можеле да постигнат нов рекорд на аукцијата за обувки

Единаесет парa на патики на Nike кои ги носeл легендата на НБА, Мајкл Џордан, се на аукција, а меѓу нив е и пар кој би можел да постави нов рекорд на аукцијата за таа патика од натпреварот против Хрватска.

Ѕвезда на аукцијата е Air Jordan 1 High кој спортската мегаѕвезда обувка за време на егзебициски натпревар во 1985 година во Италија кога ја заби топката толку силно што стаклената табла на кошот се распарчи на илјадници парчиња.

Парче стакло сè уште е во ѓонот на левата патика.

„Тоа беше момент за паметење во историјата на спортот“, изјави Кејтлин Донован од аукциската куќа Christie’s , која ја организира продажбата.

Црвено – бело – црните патики кои исто така имаат потпис на Џордан, според проценките би можеле да се продадат од 650.000 до 850.000 долари.

Досегашниот рекорд за спортски обувки го држат пар патики од Air Jordan кои во Sotheby’s во мај се продале за 560.000 долари.

Парот Air Jordan 7 Olympic во кој Џордан освои злато на последниот натпревар против Хрватска на игрите во Барселона во 1992 година, според очекувањата на аукциската куќа, би требало да достигне цена од 50.000 до 70.000 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП