26 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНов модел „пукна“ на тестот за издржливост (ВИДЕО)

Нов модел „пукна“ на тестот за издржливост (ВИДЕО)

Еден „јутубер“ на својот канал го тестираше најновиот телефон на познат кинески производител. „OnePlus Nord“ е првиот телефон од средна класа на оваа компанија, уште од моделот „OnePlus X“ од пред неколку години.

Овој смартфон своето деби ќе имаше минатата недела, па сега дојде ред и на првите впечатоци. Станува збор за телефон со прилично моќни спецификации за уред од средна класа, како што се „Snapdragon 765G SoC“ и 90Hz „AMOLED“ дисплеј. Меѓутоа, дали мораше нешто да биде жртвувано?

„JerryRigEverything“ одлучи да го провери тоа со својот познат тест за издржливост, каде што го подложува „OnePlus Nord“ на гребење, палење и свиткување.

На оваа видео-снимка, (време 5:45), можеме да видиме како „OnePlus Nord“ напукна по тестот со свиткување. Телефонот пукна близу копчињата за волумен, кога беше применет малку појак притисок.

Всушност, ова не значи дека „OnePlus Nord“ постојано ќе пука, затоа што на никого не му паѓа на памет да примени толкав притисок во секојдневното користење. Од друга страна, сепак значи дека компанијата направила одредени отстапки кога станува збор за издржливоста, а тоа е цената на пластичното куќиште.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП