6 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕУживајте во луксузниот хотел „W“

Уживајте во луксузниот хотел „W“

w1

При посетата на хотелот „W“, кој е лоциран во центарот на градот Атланта, секој има прилика да се запознае со уметноста, забавата, културата и ноќниот живот кој овде се нуди. Па кој би сакал да го пропушти ова?

Како и останатите „W“ хотели низ светот, и оној во Атланта, во својот фокус се задржува на прогресивниот дизајн, луксузниот комфор и на цените кои се пристапни во однос на другите хотели од оваа класа.

Хотелот го карактеризира ентериер од „ICRAVE“, фирма за архитектура и внатрешен дизајн од Њујорк која е фокусирана на ресторани, хотели и ноќен живот. Тие имаат развиено динамично чувство за хотелот, во некои делови со софистицирано и минималистичко уредување, во други, со диви и сложени елементи. Секоја јавна просторија има свој идентитет, на тој начин овозможувајќи им на гостите возбуда и изненадување секогаш кога тие ќе влезат во некоја од нив.

Наспроти вибрирачките и живописни дизајни на јавните простории, приватните соби имаат поконзервативен стил, со идеја гостите да се чувствуваат како да се тие во фокусот на просторот.

Боите се неутрални и природни, но се потенцирани со светло обоени елементи како цртежи на ѕидовите, креветите и слично. Погледнете ја бањата – иако неутрална и топла, светлите нерасцветени трендафили под лавабото, и се спротивставуваат на топлината и неутралноста на просторијата.

Покрај дизајнот, за хотелот W во овој град, важна е и локацијата. Сместен во центарот на градот, тој е во срцето на уметничкиот дистрикт во Атланта. Театарот Фокс, Ботаничката градина, Балетот, Симфонискиот оркестар и Музејот на уметноста се причини плус за да го засакате местото. Кога станува збор за ноќниот живот, ова жешко место е домаќин на клубови како „Opera“, „Primal“ и „Velvet Room“, како и на места од типот „LGBT“.

w2

w3

w4

w5

w6

w7

w8

w9

w10

w11

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП