19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФергусон му честиташе на Клоп: „Ја заслужи оваа награда. Партиите што ги...

Фергусон му честиташе на Клоп: „Ја заслужи оваа награда. Партиите што ги пружаа твоите момци беа неверојатни. Ќе ти простам што ми се јави во 3.30 сабајле за да ми кажеш дека Ливерпул е шампион“

Менаџерот на Ливерпул е прогласен за тренер на годината во Англија. Германецот ја заслужи наградата бидејќи успеа да ја врати на „Енфилд“ титулата по пауза од 30 години.

Наградата за тренер на годината го носи името на Сер Алекс Фергусон. Легендарниот менаџер на Манчестер Јунајтед му честиташе на клоп.

„Ја заслужи оваа награда. Партиите што ги пружаа твоите момци беа неверојатни. Ќе ти простам што ми се јави во 3.30 сабајле за да ми кажеш дека Ливерпул е шампион“, рекол во видео-пораката Фергусон.

Оваа награда прв пат е доделена во 1993 година, а првиот лауреат бил токму Фергусон. Шкотот е рекордер со пет освоени награди, три има неговиот сонародник Дејвид Мојс.

Минатата година признанието го доби тренерот на Шефилд Јунајтед Крис Вајлдер.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП