25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБошковски: Млада екипа за која Суперлигата ќе биде еден голем предизик

Бошковски: Млада екипа за која Суперлигата ќе биде еден голем предизик

Голден Арт КЛ7 оваа сезона за прв пат ќе дебитира во ракометната Суперлига. Како дебитант во ова натпреварување нашиот тренер Андон Бошковски на располагање ќе ја има и најмладата екипа оваа сезона во Суперлига.

Почетокот на сезоната е закажан за 12/13 септември, а момците на Голден Арт КЛ7 се најдоа во група А заедно со Јуниор Кисела Вода, Астраион, Пролет 62, Радовиш, Охрид и Струга.
 
„Ние сме дебитанти во Суперлигата и сме аусајдери во однос на Охрид, Пролет, Струга и Радовиш.Но нашата цел е да тренираме добро, да пробаме да го подигнеме квалитетот едно ниво погоре на овие наши млади играчи. Ова е млада екипа за која Суперлигата ќе биде еден голем предизик, екипа која знам дека ќе се потруди да се претстави во едно подобро светло“, изјави тренерот на Голден Арт КЛ7, Андон Бошковски.
„Како нова екипа во Суперлигата, најмалку од се  не интересираше составот на групите, нас не интересира исклучиво нашиот напредок, самата екипа е така составена од дваесетгодишни репрезентативци во кадетска и младинска конкуренција. Во секој натпревар ќе бидеме аутсајдери. Премногу ќе ни фалат натпреварите од плеј офот во Првата лига, тоа искуство на играчите кои им беше одземено поради новостанатата  ситуација во светски размери со вирусот Ковид 19. Ќе се трудиме максимално да напредуваме на секој тренинг, на крај се надеваме дека ќе ги оправдаме очекувањата на македонската ракометна јавност како нов клуб на сцената и максимално ќе придонесеме за развојот на македонскиот ракомет преку напредок и производство на македонски репрезентативци“, изјави спортскиот директор на Голден Арт КЛ7 Милчо Чакарески

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП