26 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКој носи маска, тој мие и раце

Кој носи маска, тој мие и раце

Научниците утврдиле дека луѓето кои носат маска применуваат и други заштитни мерки против ширење на коронавирусот, како што е миење на раце, пишува Guardian. Тоа значи дека луѓето „не тргуваат“ со мерките кои се во интерес на јавното здравје за време на пандемија.

Маските се задолжителни денес во многу земји ширум светот. Иако истражувачите тврдат дека маската не може да ве заштити од вирусот, може да ја намали веројатноста за пренесување, особено ако сите ја носат маската.

Некои истражувачи покажаа загриженост дека носењето маска би можело да создаде лажна сигурност дека сте заштитени и дека нема потреба да следите други препораки како физичко растојание и миење на раце. Станува збор за феномен познат во науката како компензација на ризик.

Ова беше токму причината поради која многу влади одбија да воведат обврска да носат маска, затоа што веруваа дека луѓето нема да ги почитуваат другите мерки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП