Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 12,600.00 0.8%    GRNT 1,006.66 0.26%    KMB 6,888.28 1.97%    MTUR 3,900.00 -2.5%    REPL 87,000.00 2.62%    STB 1,167.91 -1.22%    TETE 1,946.00 2.96%    TTK 1,350.00 2.27%    UNI 2,400.00 0%    ZPKO 2,575.00 3%    

Почна 50. Републички фестивал на народни игри и песни „Илинденски денови“

Време: 08:26

Датум: јули 23, 2020

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Со изложба на фотографии „За живот на традицијата – 50 години ЦИОФФ“, синоќа во Битола почна 50. јубилјено издание на Републичкиот фестивал на народни игри и песни „Илинденски денови“.

Фестивалот за отворен го прогласи градоначалникот на Битола Наташа Петровска, која истакна дека годинешното издание се одржува со измешани емоции, мечтаење за звуците на Широк Сокак, но и гордост на градот кој слави 50 години од првото издание на Фестивалот „Илинденски денови“.

-Околностите во кои се одржува Фестивалот се предизвикани од пандемијата, но јас сум длабоко убедена дека сите кои досега биле во Битола, што слушнале за фестивалот Битола, сите оние кои од сè срце го сакаат фестивалот, со нетрпение го очекуваат следното видување на следното издание. Искрено ги поздравувам сите со желба наскоро повторно да се сретнеме на фестивалската сцена, да ја продолжиме традицијата и да ги негуваме вредностите на фестивалот „Илинденски денови“, посочи Петровска.

Фестивалската програма ќе се реализира до 30 јули и, според организаторот и домаќин на фестивалот – НУ Центар за култура-Битола, за време на фестивалските денови ќе бидат понудени креативни содржини организирани со максимално почитување на мерките за заштита од Ковид-19.

-Направивме сè за фестивалот да се одржи затоа што плејада битолчани стојат зад овој Фестивал. почнувајќи од основачите Гога Николовски, Кирил Танчевски, Илија Алушевски, Мито Пејовски и многу, многу други кои се втемелиле во овој најстар и и со најголема традиција фестивал во овој град. Битола долги години беше голема фестивалска сцена, но, за жал, оваа година ќе мора да се соочиме со новиот предизвик и со верба дека следната година, сите здрави и живи ќе ги пречакаме гостите од државата и странство на Фестивалот „Илинденски денови“, истакна директорката на НУ Центар за култура-Битола, Маја Андоновска Илијевски.

Додаде дека интернационалниот карактер на фестивалот е зајакнат со членувањето во Светската организација на фолклорните фестивали ЦИОФФ и затоа годинава, рече таа, фестивалот почнува со изложба на фотографии „За живот на традицијата – 50 години ЦИОФФ“.

На јубилејното издание на „Илинденски денови“ претпладнево ќе се одржи онлајн детска ликовна работилница на тема „Народната култура – трајна инспирација во моето творештво“. 

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Од понеделник почнува етапната исплата на септемвриските пензии

    Од понеделник почнува етапната исплата на септемвриските пензии

    Oд понеделник, 28.9.2020 година, почнува етапната исплата на септемвриските пензии. Министерството за труд и социјална политика информира дека пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно…

  • Јавниот долг на Велика Британија достигна рекордно ниво

    Јавниот долг на Велика Британија достигна рекордно ниво

    Британските јавни заеми се зголемија на 35,920 милијарди фунти (45,8 милијарди долари) во август, што е рекордно високо ниво за месец, иако е под пиковите…

  • Европската комисија прави чекор напред во регулирањето на криптовалутите во блокот

    Европската комисија прави чекор напред во регулирањето на криптовалутите во блокот

    Како дел од новата иницијатива презентирана во четвртокот, Европската комисија ќе утврди јасни правила за криптовалутите, кои честопати не спаѓаат во рамките на традиционалното финансиско…

  • Прометот кај услугите во вториот кварал со пад од 34,8 отсто, кај туристичките агенции и туроператори од 99 отсто

    Прометот кај услугите во вториот кварал со пад од 34,8 отсто, кај туристичките агенции и туроператори од 99 отсто

    Прометот од продажба на услугите во второто тримесечје од годинава во однос на истиот период лани забележува пад од 34,8 отсто, објави Државниот завод за…

  • Мурињо: Помислив дека сум пораснал, но всушност голот беше за пет сантиметри понизок

    Мурињо: Помислив дека сум пораснал, но всушност голот беше за пет сантиметри понизок

    “Помислив дека сум пораснал, но всушност голот беше за пет сантиметри понизок. Голманите тоа веднаш го забележаа затоа што живеат меѓу стативите. Дојде делегатот и…

  • Меси кон Суарез: Не заслужи да се однесуваат така со тебе

    Меси кон Суарез: Не заслужи да се однесуваат така со тебе

    Капитенот на Барселона, Лионел Меси преку социјалните мрежи денес се прости од својот поранешен соиграч Луис Суарез, со кого е голем пријател. – Кога денес…

  • ГРЕКО цени дека Македонија напредува во борбата со корупцијата

    ГРЕКО цени дека Македонија напредува во борбата со корупцијата

    Новиот извештај на ГРЕКО нотира напредок во борбата со корупцијата во Македонија. „Ја напуштивме групата на глобално незадоволителни држави. Ова е голем упех за нас…

  • Нашиот северен сосед Србија со просечна плата од над 511 евра

    Нашиот северен сосед Србија со просечна плата од над 511 евра

    Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека со гордост може да им каже на граѓаните дека просечната плата во јули, среде пандемија на коронавирусот беше…

  • ФИТР и УНДП потпишаа договор за дигитализација на општините – пилот фаза

    ФИТР и УНДП потпишаа договор за дигитализација на општините – пилот фаза

    Фондот за иновации и технолошки развој и УНДП (Програма за развој на Обединетите Нации) ќе работат на дигитализација на услугите што ги нудат општините за граѓаните. Проектот…

  • Насмеаните луѓе живеат подолго и заработуваат повеќе

    Насмеаните луѓе живеат подолго и заработуваат повеќе

    Истражувањата покажуваат дека луѓето кои повеќе се смеат живеат подолго, заработуваат повеќе и другите повеќе им веруваат. Луѓето кои искрено се смеат им испраќаат порака…