12 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЈапонија го одобри дексаметазонот за лечење од коронавирус

Јапонија го одобри дексаметазонот за лечење од коронавирус

Јапонското министерство за здравство го одобри дексаметазонот, ефтин и релативно широко користен стероид, како втор лек против COVID-19, откако истражување во Британија, покажа дека тој лек ги намали стапките на смртност кај хоспитализираните пациенти.

Министерството го вклучи дексаметазонот како дополнителна опција за лечење заедно со антивирусен лек ремдесивир во најновата ревизија на својот прирачник за лечење од заразата коронавирус.

За таа ревизија известуваат јапонските медиуми.

Во резултатите од студијата, објавена во јуни, истражувачите во Велика Британија го утврдиле дексаметазонот како првиот лек кој ги спасува животите на пациентите од COVID-19 во повторното силно избувнување на пандемија.

Меѓу оние кој го произведуваат тој лек е и јапонската компанија Nichi-Iko Pharmaceutical Co.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП