16 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБејл останува во Реал Мадрид

Бејл останува во Реал Мадрид

Иако играше многу малку оваа сезона, велшкиот репрезентативец Герет Бејл (31) останува во Реал Мадрид, изјави неговиот менаџер Џонатан Барнет за BBC.

Шпанските и британските медиуми со месеци шпекулираат дали Велшанецот ќе го напушти „Кралскиот клуб“.

Судејќи според неговиот менаџер, тој ќе остане во Мадрид и следната сезона.

“Голема загуба е што тој во моментот не е во тимот на Реал Мадрид, но нема да си замине. Договорот му трае уште две години. Сака да живее во Мадрид и не оди никаде”, изјави Барнет.

Бејл во дресот на Реал има освоено четири лига на шампиони и две шпански првенства, постигнувајќи повеќе од 100 гола, меѓутоа Зинедин Зидан оваа сезона го користи како “резерва”.

„Зидан беше многу успешен. Нема тука никаква омраза. Зидан едноставно не го користи. Герет тренира секој ден и тренира добро“, додаде тој.

Дел од медиумите пишуваа дека Велшанецот би можел да биде на позајмица некаде на крајот на оваа сезона.

„Герет е еден од најдобрите играчи во светот. Најдобрите играчи на светот не одат на позајмица“, беше јасен неговиот менаџер.

Бејл пристигна во Реал во 2013 година од Тотенхем за 100,8 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП