24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИдрис Елба ќе добие специјална награда „Бафта“

Идрис Елба ќе добие специјална награда „Бафта“

Британскиот актер Идрис Елба на крајот на овој месец ќе добие едно од највисоките почести што ги доделува британската академија за филмска и телевизиска уметност (БАФТА), а тоа е специјална телевизиска награда.

Главната ѕвезда во хит-сериите „Лутер“ и „Жица“ признанието ќе го прими на виртуелна церемонија на доделување на „Бафта“ награди (попознати како британски „Оскари“), на 31 јули.

Елба рече дека наградата е голема привилегија и дека негова мисија е да им се да дадат можности на новите таленти.

„Мојата мисија е да обезбедиме можност и пристап во филската индустрија на нови таленти од различно потекло, што е иста можност што јас ја добив пред многу години“, рече британскиот актер кој е едно од омилените холивудски лица.

Досегашни добитници на оваа специјална телевизиска награда се Клер Балдинг, Сила Блек, Сер Лени Хенри и коментаторот Џон Мотсон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП