20 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАБританија ќе тестира возила без возачи

Британија ќе тестира возила без возачи

tech-self-driven-car-1

Автомобили без возачи ќе бидат тестирани на јавните патишта до крајот на 2013-та година, соопшти владата на Велика Британија. Досега тестовите на автомобили без возачи беа дозволени само на приватен имот.

Автономните возила се водени од систем на сензори и камери и се доживуваат како потенцијално побезбедни и поефикасни од обичните автомобили.

За време на тестирањата во автомобилот сепак ќе има возач кој може да го преземе управувањето во случај на непредвидена ситуација.

Министерството за транспорт на Велика Британија ги објави плановите за тестовите на целосно автоматизираните автомобили во рамките на програмата во вредност 28 милијарди фунти, насочена кон намалувањето на застојот на британските патишта.

За сега, автомобилите ќе се движат по малку користени рурални и приградски патишта во „полуавтономен“ режим кој му дава на возачот избор да интервенира.

Објавувањето на програмата во Велика Британија ги следат сличните стратегии во другите делови на светот. САД се на челото, откако три држави – Невада, Флорида и Калифорнија – прифатија законодавство за автономни автомобили.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП