18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗначајна победа на Пандев со Џенова против конкурентот за опстанок Лече

Значајна победа на Пандев со Џенова против конкурентот за опстанок Лече

Тимот на Џенова за кој настапува капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев, вчера извојува тешка, но многу важна победа во 34. коло од Серија А. Совладан е Лече со 2:1. Токму Лече е еден од конкурентите на Џенова за опстанок во лигата.

Пандев иако не постигна гол, повторно беше еден од најдобрите во својот тим. Македонецот му асистираше на Санабрија при првиот гол за Џенова, ги разигруваше соиграчите и ја оправда довербата на тренерот Давиде Никола кој го остави на теренот речиси цел натпревар.

На четири кола до крајот на првенството во Италија, Џенова е на „безбедното“ 17. место со 33 бода, Лече е во зоната на испаѓање со 29, Бреша е само со теоретски шанси за опстанок со 24 бода, а испаднат од поодамна е СПАЛ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП